Арсенал го комплетираа трансферот на исландскиот голман Рунар Алекс Рунарсон од Дижон за само милион фунти.
Рунарсон потпиша четиригодишен договор со „топчиите“ и ќе биде прва замена на Бернд Лено, откако долгогодишната замена во клубот, Аргентинецот Емилијано Мартинез замина во Астон вила.
„Пресреќни сме да му посакаме добредојде на Алекс во тимот. Го следиме подолго време и по анализата беше јасно дека тој има атрибути кои ги цениме како голман и личност“, вели техничкиот директор на клубот, Еду.
Рунарсон помина две сезони со Дижон, а лани одигра 13 пати за францускиот клуб. 25-годишниот Исланѓанец има пет настапи за репрезентацијата и беше дел од тимот кој настапи на СП во Русија во 2018.
Welcome to The Arsenal, Alex Runarsson ?
— Arsenal (@Arsenal) September 21, 2020