Арсенал не се откажуваат од ѕвездата на Ајакс, Лисандро Мартинез нудејќи 30 милиони фунти, откако првата понуда од 25 милиони беше одбиена од холандскиот шампион.
24-годишниот Аргентинец може да игра на позиција на централен бек, лев бек, но и во средината на теренот, и Ајакс знаат дека за него се заинтересирани повеќе англиски клубови, така што се подготвени да се „ценкаат“ со „топчиите“.
Според „Атлетик“, Микел Артета го идентификувал Мартинез како можна замена за Киеран Тирни, кој имаше проблеми со повредите минатата сезона.