Фудбалерот на Рен, Ловро Мајер го постигна победничкиот гол за Хрватска при 2:1 победата над Данска во Лигата на нации на „Максимир“, а на трибините на стадионот биле и скаутите на Арсенал, кои се заинтересирани за трансфер на „новиот Лука Модриќ“, тврди британски „Мирор“.
Рен го проценува 24-годишниот Мајер на над 50 милиони евра, откако минатата година го донесоа од Динамо Загреб за релативно мали 12 милиони евра. То има 44 настапи, 7 гола и 11 асистенции за францускиот клуб.
Мајер дебитираше за хрватската репрезентација во 2017 година под Анте Чачиќ, но потоа следниот настап го доби дури во 2021 година во квалификациите за Светското првенство. Хрватските медиуми очекуваат Мајер да стане најскапиот хрватски фудбалер, рекорд кој сега го држи Матео Ковачиќ за кого Челси плати 45 милиони евра на Реал Мадрид во 2019 година.