Top Sport

Арсенал заинтересирани за Жоржињо ако не го добијат Каиседо

Арсенал го свртеле фокусот кон ѕвездата на Челси, Жоржињо, откако им беше одбиена уште една понуда за Мозес Каиседо од Брајтон, тврдат британските медиуми.

Микел Артета цел зимски преоден рок се обидува да пронајде нов играч од средниот ред, и откако не успеаја да го донесат Жоао Феликс и Михајло Мудрик (двајцата завршија токму во Челси), се фокусираа на Каиседо, со понуда од 70 милиони фунти која беше одбиена.

Според „Дејли мејл“, покрај Жоржињо, постојат и други опции за „топчиите“ како Јури Тилеманс од Лестер и Амаду Онана од Евертон.

Scroll to Top