Поранешниот фудбалер на Арсенал, Андреј Аршавин беше „фатен“ како излегува од елитен стриптиз клуб во Санкт Петербург со две жени, пред да си замине јавајќи коњ!
Поранешниот руски репрезентативец го објави повлекувањето од фудбалот овој месец и се подготвува за новата работа како шеф на младинската школа во неговиот поранешен клуб Зенит.
Меѓутоа, тој сега е под притисок на руската јавност, која го опишува како „женкар“, а неговата сопруга го избриша својот профил на социјалните мрежи.
На снимката се гледа Аршавин како едвај стои на нозе, гушнат со две девојки како излегува од клубот, пред да се качи на коњ и да си замине (без да плати).
Ова не е првпат неговото однесување да му предизвика проблеми оваа година. Пред неколку месеци беше забележан во ноќен клуб во Казахстан со моделот Олга Семенова, која потоа влезе во јавна пресметка со сопругата на Аршавин Алиса, која и се закани дека ќе ги исече прстите на Семенова.
Ночь, улица, стрип-клуб, Аршавин.. Романтические похождения футболиста попали в соцсети pic.twitter.com/1QNt52e3F9
— IZ.RU (@izvestia_ru) December 19, 2018