Менаџерот на Арсенал, Микел Артета смета дека неговиот тим треба да ја освои премиерлигашката титула на теренот, наместо да чека можна казна за ривалите Манчестер сити.
Артета, кој иронично во дел од периодот за кој се однесуваат обвиненијата против Сити работеш во клубот како помошник на Пеп Гвардиола, смета дека неговиот тим не сака таква титула. Арсенал имаат пет поени пред Сити на табелата, а исто така имаат и натпревар помалку.
„Ајде да се фокусираме на тоа што треба да го направиме и да победиме во доволно фудбалски мчви за титула. Мораме да ја заслужиме титулата, тоа е сигурно. Нема да коментирам за тој случај, имаме доволно грижи во нашиот двор“, изјави Артета.