Top Sport

Артета го брани Хаверц од лутите навивачи на Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не верува дека навивачите на Арсенал се свртеле против Каи Хаверц, по уште еден потпросечен меч на Германецот во вчерашното 2:2 реми против Фулам.

Арсенал платија 65 милиони фунти за Хаверц на Челси и Артета има целосна доверба во неговите квалитети.

„Мислам дека сите имаме желба да играме напред и да влијаеме на мечот, посебно во клучните моменти. Мислам дека Каи ќе ги придобие навивачите. Беше добар, иако имаше моменти во кои топката не стигна до него. Имаше ситуации во кои требаше да даде гол, но потребно е време“, вели Артета.

Статистиката од 56-те минути кои Хаверц ги помина на теренот не беше ветувачка. Иако имаше 87 отсто комплетирани додавања, само четири од додавњата беа нанапред, а тој имаше еден удар и само четири допири во противничкиот шестнаесетник.

Scroll to Top