Top Sport

Артета: Имаме премногу фудбалери, некој ќе мора да замине

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, потврдил дека клубот ќе биде активен во зимскиот преоден рок. Артета смета дека на одредени позиции има вишок на фудбалери, тој проблем ќе се обиде да го реши во преодниот рок, кој ќе започне 10 часа.

Артета, исто така, ќе се обиде да го засили редот за врска и нападот.

„Преодниот рок ќе донесе многу новини во Арсенал. Во некои шпекулации има вистина, во некои не. Разговаравме за неколку фудбалери кои треба да заминат на позајмици. Во овој момент имам премногу фудбалери“, рекол Артета.

„Многу работи требаа да се случат во текот на летото, но од некои причини не се случија. Некои играчи ќе мора да заминат, не можеме да работиме со толку фудбалери. Дури потоа ќе ги разгледаме опциите кои ни се нудат за да се засилиме“.

Арсенал, се поврзува со неколку фудбалери, во преден план е Диего Коста кој пред два дена замина од Атлетико, а Шпанците тврдат дека клубот се обидува да го донесе на позајмица Иско од Реал Мадрид.

Scroll to Top