Top Sport

Артета ја продолжи „војната“ со Озил: Секој одговара за своите постапки

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја продолжи „војната“ со зборови со Месут Озил откако беше искритикуван дека не е „искрен“ по одлуката да го изостави Германецот од својот состав за мечевите од Лига Европа и Премиер лигата.

Агентот на Озил, Еркут Согут, го обвини Артета дека е „неискрен“ поради причините поради кои го изоставил Озил од тимот, тврдејќи дека тој е исфрлен поради тоа што ја критикувал Кина за однесувањето кон муслиманите во Ксинјанг, а „топчиите“ сакаат да ги заддржат кинексите спонзори. Артета не штедеше на зборови.

„Ако мораш да водиш, мора да ти веруваат. За да ти веруваат, мора да си искрен и да им кажуваш на луѓето директно во лице, добрите и лошите вести. Кога работите одат добро ќе им аплаудираш, кога не одат постојат последици. Луѓето мора да ги исполнуваат стандардите на овој фудбалски клуб за да бидат успешни“, вели Артета.

Агентот на Озил: Артета не е искрен, навивачите ја заслужуваат вистината!

Scroll to Top