Top Sport

Артета: Мислам дека Џака ќе остане!

Тренерот на лондонски Арсенал, Микел Артета изјави дека швајцарскиот фудбалски репрезентативец, Гранит Џака е одличен фудбалер и мисли дека ќе остане со „топчиите“.

„Мислам дека ќе остане, навистина ми се допаѓа, одличен фудбалер е и ми се допаѓа како е фокусиран и колку сака да учи“ – рече Артета, пренесоа британските медиуми.

Во мечот против Кристал Палас на крајот на октомври, Џака беше заменет од претходниот менаџер на Арсенал, Емери поради лоша игра, а навивачите го свиркаа, по што тој ги навреди, го соблече дресот и влезе во соблекувалната. Набрзо потоа на Џака му беше одземена и капитенската лента.

Швајцарецот ги започна 6 од последните 8 премиерлигашки натпревари, но по пишувањата на медиумите на Островот, тој сака да го напушти Лондон и да се пресели во Берлин, во тимот на Херта.

Scroll to Top