Top Sport

Артета: Му ги дадов на Озил сите можни шанси

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета верува дека му ги дал сите возможни шанси на Месут Озил пред да одлучи да го отстрани Германецот од составот за Премиер лигата и Лига Европа.

32-годишниот Озил ги одработува последните месеци од неговиот договор со лондонскиот клуб и сосема е неверојатно да се очекува дека ќе биде вратен во тимот во вториот дел од сезоната. Тој и неговиот агент тврдеа дека Артета и Арсенал се нечесни со одлуката да го отстранат од тимот, но Артета инсистира дека му ги дал сите возможни шанси да се врати во првиот тим.

„Можам да кажам дека направив сè што можев, се обидов да му дадам што е можно повеќе шанси. Бев трпелив, фер и му дадов шанса. Тој е фудбалер на Арсенал, кој бил многу важен во последните сезони и секогаш го почитував тоа, но морам да ги правам најдобрите одлуки за клубот. Тоа се моите причини без разлика дали некој се согласува со нив. Одлуката е таа и мислам дека сум во право“, вели Артета во интервју за „Скај спортс“.

Scroll to Top