Top Sport

Артета не е сигурен дали Арсенал ќе се засили

Микел Артета вели дека Арсенал прават сѐ што можат да го засилат составот пред утрешниот крај на летниот преоден рок, но признава дека не е сигурен дали тие ќе се остварат.

„Топчиите“ во текот на летото се концентрираа на засилувања во средината на теренот, но не успеаја да ја донесат првата цел, Хусем Ауар од Лион, ниту ѕвездата на Атлетико Мадрид, Томас Парти.

„Не знам дали ќе има нови засилувања, но можам да им гарантирам на навивачите дека го даваме нашиот максимум. Дали ќе успееме, останува да се види. Не можам да зборувам за фудбалерите кои ги сакаме, но има одредени позиции на кои сме ‘кратки’ и мораме да мислиме на иднината. Се обидуваме да го комплетираме тимот“, вели Артета.

Тој исто така го бранеше сопственикот на тимот, американскиот милијардер Стен Кренке, за кого фановите сметаат дека не му дава доволна поддршка на менаџерот.

„Се обидувам да бидам јасен и искрен со навивачите. Верувајте, сопствениците, бордот, спортскиот директор Еду и јас работиме да ги максимизираме нашите ресурси за да го засилиме тимот. Имам 100 отсто поддршка и тоа не се само зборови“, додава Шпанецот.

Scroll to Top