Микел Артета инсистира дека Арсенал нема да му го прекинат договорот на Месут Озил од 350.000 фунти неделно, а тоа дали ќе се врати во тимот зависи само од зимскиот преоден рок.
Германецот и покрај огромната заработувачка со договорот кој му завршува во текот на летото, не беше вклучен во тимот за Премиер лигата и Лига Европа во октомври и нема одиграно меч за Арсенал од мај оваа година.
„Ќе видиме што ќе се случи во преодниот рок и ќе ја разгледаме ситуацијата по крајот. Морате да ги почитувате договорите на играчите. Можете само да бидете отворени со нив и да ги кажете вашите намери, улогата која ја имаат во тимот и причината за тоа. Некои сакаат да заминат бидејќи не играат, некои сакаат да останат. Кога некој не игра, тешко е да биде среќен“, вели Артета.