Top Sport

Артета: Обамејанг треба да си го заслужи местото во тимот

Микел Артета вели дека „дисциплинската“ постапка против капитенот Пјер-Емерик Обамејанг е решена внатре во клубот, но го предупреди Габонецот дека ќе мора да си го заслужи местото во тимот.

Обамејанг беше оставен на клупата за неделното дерби на северен Лондон против Тотенхем (2:1) откако доцнел на состанокот пред мечот. Артета вели дека нема да има дополнителни казни пред мечот од Лига Европа против Олимпијакос, но не потврди дали тој ќе игра.

„Да, зборувавме со Пјер-Емерик, работите се решени на позитивен начин и одиме понатаму. Дали веднаш ќе се врати во тимот? Секој мора да има перформанси на највисоко ниво за да има место во тимот и нема исклучоци. Против Олимпијакос ќе извадиме конкурентен тим кој ќе оди на победа“, вели Артета.

Артета го казнил Обамејанг за доцнење, играчите се согласуваат со одлуката

Scroll to Top