Top Sport

Артета: Почна да се гледа визијата на новиот Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не реагира на критичарите кои сметаат дека „топчиите“ не можат да се „носат“ со силните премиерлигаши, и смета дека со новите трансфери гради силен тим.

Арсенал се фокусираше на млади засилувања ова лето, носејќи го голманот Арон Ремсдејл како петти играч под 23 години ова лето по Бен Вајт, Нуно Тавареш, Алберт Самби Локонга и Мартин Одегард. Пред дербито со Челси, на Арсенал му е потребен солиден резултат по поразот од Брентфорд, кој го зголеми притисокот на тренерот.

„Мораме да мислиме на оддржливоста на тимот. Треба да имаме перформанси сега, но и долгорочен план за иднината. Многу одлуки во последните 18 месеци беа направени бидејќи имавме слабости на одредени позици и тоа не постави во тешка ситуација. Сакавме да донесеме талентирани фудбалери кои можат да се развијат тука и да го кренат нивото. Мислам дека имаме силен тим кој сака да работи заеднички“, вели Артета.

Scroll to Top