Top Sport

Артета потврди дека Џака останува во Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета потврди дека Гранит Џака останува на „Емирати“ и покрај шпекулациите за трансфер во Рома, додавајќи дека очекува швајцарскиот репрезентативец да биде „клучен играч“ во новата сезона. Се веруваше дека Жозе Мурињо инсистира на трансфер на Џака во Серија А, но Артета вели дека нема да има таков трансфер.

„Гранит Џака останува со нас. Тој е клучен член на нашиот тим. Нема друга тема“, вели Артета.

Проблем за Артета претставува повредата на Томас Парти, кој мораше да биде заменет по 5 минути во второто полувреме.

Scroll to Top