Менаџерот на Арсенал, Микел Артета смета дека промашениот пенал на Букајо Сака во финалето на ЕУРО 2020 на „Вембли“ против Италија минатата година, на крајот се покажало како „фантастично“ за неговата кариера.
20-годишниот Сака, заедно со двоецот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо ги утнаа пеналите против Италија за „аѕурите“ да стаат европски шампиони. Тоа не му пречеше да има одлична сезона, во која го постигна својот осми гол во Премиерлигата при 3:2 победата над Вотфорд.
„Мислам дека искуството на Букајо во текот на летото е нешто што малку фудбалери ќе го искусат. Но, мислам дека тоа беше фантастично за неговата кариера. Фудбалскиот свет покажа колку го сакаат и го респектираат и мислам дека освен трофеи нема нешто подобро. Тогаш сфати дека има луѓе кои ќе му дадат поддршка кога ќе му биде тешко. Фудбалот му е на прво место и има фантастичен развој за еден 20-годишник“, вели Артета.