Top Sport

Артета: Ривалите сакаат да ни наштетат со лаги

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета одговори луто на критиките и „лагите“ околу нивниот успешен обид да се одложи дербито на северен Лондон против Тотенхем минатата недела.

Шпанецот инсистира дека „топчиите“ едноставно немале доволно фудбалери за настап, поради повреди, суспензии и фудбалери кои се на Африканскиот куп на нации. Ова наиде на остри критики од Тотенхем, а британските медиуми објавија дека Арсенал имале само еден позитивен тест на КОВИД во тимот.

„Ќе го браниме нашиот клуб со заби и нокти! Нема да дозволиме некој да го наруши имиџот на Арсенал или да шири лаги. Едноставно немавме доволно играчи да се натпреваруваме. Тоа е 100 отсто вистина и мечот е одложен поради вистински причини. Мислам дека имаше многу омраза кон Арсенал, но и почит кон клубот поради историјата. Знаеме дека го направивме вистинското нешто. Заедно со Премиерлигата и со ФА ја направивме таа одлука“, вели 39-годишниот менаџер.

Scroll to Top