Top Sport

Артета воодушевен од односот на Озил!

Микел Артета го испофали Месут Озил за неговиот „неверојатен однос“ откако го врати Германецот во стартните 11 на „топчиите“ при 1:1 ремито на гости кај Бурнемаут.

Озил го пропушти последниот меч против Евертон поради повреда на стапалото, но беше критикуван од преодниот тренер Фреди Љунгберг поради неговата реакција за смената против Манчестер сити, каде што загубија со 3:0. Озил не доби многу минути ниту под Унаи Емери, но Артета вели дека тоа ќе се смени.

„Да бидам фер, неговиот однос на тренинзите од стартот беше неверојатен. Го видов тоа и му дадов чист почеток нему и на сите други. Тој одговори фантастично на теренот и можевме да постигнеме два-три гола само поради него“, вели Артета.

„Топчиите“ немаа удар на голот во првото полувреме и губеа со 1:0, пред Пјер-Емерик Обамејанг да израмни за Артета да избегне деби со пораз.

„Задоволен сум од карактерот кој го покажавме. На полувреме се виде нивната реакција и нивната желба. Тоа е најпозитивното нешто вечерва“, вели Артета.

Scroll to Top