Миралем Пјаниќ ги договорил личните услови со челниците на Барселона. За да биде реализиран овој трансфер потребно е играчот на Барселона Артур да се согласи на преселба во Јувентус.
Јувентус и Барселона го договарале трансферот на Пјаниќ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина немал ништо против да го облече дресот на каталонскиот гигант што би било круна на неговата кариера.
Сепак клуч на овој трансфер е Артур Мело. Бразилецот неколку пати истакнал дека нема намера да го напушта „Ноу Камп“.
Доколку не успеат да го убедат Артур, челниците на Барселона ќе се обидат да понудат друг фудбалер веројатно Нелсон Семедо, Иван Ракитиќ или Артуро Видал кој во кариерата има играно во Јувентус.