Герет Бејл решил да го напушти Реал Мадрид пишува „АС“. Велшанецот е играч на Реал од 2013 година чувствувал дека тренерот Зинедин Зидан не го потценил неговиот квалитет. Тој сметал дека поради стажот што го има во клубот заслужил поголема почит.
Бејл во летниот преоден рок беше на трансфер листата, во последните денови од преодниот рок си договорил трансфер во Кина, меѓутоа поради повредата на Марко Асенсио, Реал ја спуштија рампата и напаѓачот остана во Мадрид.
Почетокот на сезоната беше ветувачки за Бејл, кој со два гола му обезбеди реми на тимот во Вилјареал.
На тој меч Бејл за помалку од минута доби два жолти картони и тука почнаа неговите неволји, иако играше на последните три меча.
Нездаоволството на Бејл кулминирало во средата кога Зидан за дуелот со Бриж го испратил на трибините. Велшанецото бил збунет од одлуката, а медиумите тврдат дека доцнел четири минути на состанокот пред мечот.
„Бејл е лут, изнервиран, збунет. Не знае зошто е исфрлен од тимот за мечот со Бриж“, пишува „АС“.
? La portada de AS de hoy
??????? Bale dice basta pic.twitter.com/i5mgBwLIzZ— Diario AS (@diarioas) October 8, 2019