Top Sport

АС: Реал се договориле со Ериксен

Реал Мадрид договориле големо засилување во пресрет на летниот преоден рок. „АС“, пишува дека од наредната сезона дресот на „кралскиот клуб“ ќе го носи Данецот од Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Шпнаците тврдат дека целата работа е завршена, односно дека Ериксен се согласил да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Според „АС“ во последната фаза клубовите треба да го договорат обесштетувањето.

Реал и Тотенхем имаат добри односи и соработка уште од времето кога Герет Бејл и Лука Модриќ се преселија од Лондон во Мадрид.

Прашање е само за која сума Данецот ќе го напушти Лондон. Ериксен има договор со клубот до 2020 година. Тотенхем за него на Ајакс пред шест години им платија 13,5 милиони евра.

Според „АС“, Реал ќе мора да издвојат помеѓу 120 и 150 милиони евра за услугите на Ериксен.

Scroll to Top