Неколку водечки европски спортски медиуми шпекулираат дека Пол Погба сака да го напушти Манчестер Јунајтед, а во саботата шпанскиот весник „АС“, објави дека францускиот репрезентативец побарал од клубот да му овозможи трансфер во летниот преоден рок.
Јасна била желбата на Погба да се пресели кај сонародникот Зинедин Зидан во Реал Мадрид. Доколку трансферот биде реализиран тој треба да изнесува 150 милиони евра, а Погба во Реал би имал годишна плата од 12 милиони евра.
Во текстот на „АС“ се наведува дека Погба барал трансфер со цел да не му се случи сага, каква што се случуваше летото во 2016 година, кога за 105 милиони евра од Јувентус замина во Манчестер.