Колумбискиот фудбалер, Хамес Родригес останува во Реал, тврди доброупатениот шпански „АС“ наведувајќи дека Управата на клубот инсистира тој барем уште една сезона да остане на „Бернабеу“.
Се наведуваат две причини за ваквата одлука. Првата е бламажата против Ателтико во Њу Џерси со 7-3, што е еден од најголемите порази во историјата на клубот, а втората е повредата а клучниот играч (Асенсио) кој игра на истата позиција како и Родригес.
Асенсио на пријателски меч против Арсенал тешко го повреди коленото.
За услугите на Колумбиецот силно беше „загреан“ Наполи, но целата работа се закомпликува откако претседателот на Наполитанците, Аурелио Де Лаурентис се обиде да се договори за да го доведе Родригес без да му исплати на Реал 40 милиони евра.
За него заинтересиран беше и Атлетико, но по поразот во подготвителниот меч, Перез одби да го пушти фудбалерот во лутиот градски ривал.
Офанзивниот фудбалер му се приклучи на Реал по 787 дена и двегодишната позајмица во Баерн Минхен.
James Rodriguez will be staying at Real Madrid next season, reports @diarioas pic.twitter.com/Lqu5KbLnWQ
— B/R Football (@brfootball) July 29, 2019