Реал Мадрид во лесен ритам славеа против Еибар со 2:0. „Кралскиот клуб“ сега го чека дуелот со Ливерпул во Лигата на шампионите.
Реал, против тимот кој се бори за опстанок во лигата, Еибар се наоѓа на претпоследното место, одигра коректен меч, на противникот му дозволи само еднаш да се закани кон голот на Куртоа.
Фудбалерите на Реал постигнаа пет гола, три од нив оправдано беа поништени со ВАР одлуките.
Головите за тимот на Зинедин Зидан го постигнаа Марко Асенсио во 41. и Карим Бензема во 73.минута.