Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио бил подготвен да го напушти Реал Мадрид и да тргне по стапките на Кристијано Роналдо, кој летово се пресели во Јувентус, објави „Тутоспорт“.
Овој извор повикувајќи се на свои извори, со зборовите „сакам во Јувентус“, им испратил порака на челниците на италијанскиот шампион.
На овој трансфер „работел“ и Роналдо, кој веќе го советувал Асенсио да се пресели во Торино.
Јувентус на 22-годишниот напаѓач може да му понуди поголема плата, во Реал тој годишно заработува 4,5 милиони евра. Прашање е само за која сума и дали воопшто Флорентино Перез ќе сака да се раздели со фудбалерот.
Весникот, тврди и дека сериозен интерес за Асенсио покажале Манчестер јунајтед, Челси и Арсенал.