Top Sport

Аспас ги „крена“ Селта до нова победа (видео)

Селта со 2:0 го совлада тимот на Хуеска во првиот меч од 14. коло во Ла лига, благодарение на двата гола на херојот на домашниот тим Јаго Аспас.

Во 38. минута по асистенција на Мало, Аспас го постигна првиот гол за тимот од Галиција, за во 77. минута да ја „растури“ одбраната на гостите за конечни 2:0. По 14 кола, Селта е на 11. место во Ла лига со 17 поени, додека Хуеска е на последното место со само седум голови.

Фото: ЕПА

Scroll to Top