Фудбалерите на Селта не успеаја да избегнат пораз во дуелот со Реал Мадрид и покрај тоа што во поголемиот дел од натпреварот беа подобри од фаворизираниот противник. Реал, на „Балаидос“, добија три пенали, два од нив реализираше Бензема за триумф на Реал од 2:1.
Сигурно е дека во наредните денови ќе биде анализиран третиот пенал. Тоа го потенцира и капитенот на Селта, Јаго Апспас.
„Требаше само да биде досуден и четврти пенал и судијата да го шутира“, луто коментирал Аспас по натпреварот.
Инаку, на Селта и беше поништен гол во 40.минута, при резултат 0:1.
„Мојот офсајд? Нема очи на грбот за да можам да видам каде е Алаба“, заклучил Аспас.
Поради ваквите коментари извесно е дека Ла Лига ќе го казни капитенот на Селта.