Селта Виго стигна до тешко извојувана 1:0 победа на гости кај „фенерџијата“ Елче, за да се оддалечи од зоната за испаѓање со својот прв триумф по шест меча и само четврти оваа сезона.
Како повеќе пати во последните неколку години, човек на одлука беше 35-годишниот ветеран, Јаго Апас, кој ги донесе гостите во водство по само пет минути игра. Аспас од пристигнувањето во Селта во 2015 година, бил стрелец или асистент во 170 од 367 гола на клубот, или неверојатни 46 отсто.
Селта се на 16. место на табелата со 16 поени, четири повеќе од Севилја во зоната за испаѓање, додека надежите на Елче дека во вториот дел од сезоната ќе може да се спасат од враќање во втората лига се нереални – тие имаат само 4 поени на последното место.
Standings provided by Sofascore