Top Sport

Аспиликуета во Челси до 2022 година

Шпанскиот репрезентативец Сесар Аспиликуета го продолжил договорот со Челси. Клубот на својата интернет страница потврдил дека Аспиликуета ќе го носи синиот дрес до крајот на сезоната 2021/2022.

Аспиликуета (29) на „Стенфорд Бриџ“ пристигна во 2012 година од Олимпик Марсеј. Досега за Челси одиграл 298 натпревари. Наскоро тој ќе стане првиот странец во историјата на Челси што одиграл 300 и повеќе натпревари.

Десниот бек, кој својата кариера ја започнал во Осасуна, со Челси освоил две титули во Премиер лигата, а еднаш триумфирал во Лига Европа, ФА купот и Лига купот.

Scroll to Top