Астон вила го потврдија трансферот на напаѓачот на Лион, Бертран Траоре за 19 милиони фунти, за тој да стане четврто засилување на клубот од Бирмингем, за кои досега тие потрошија одлични 84 милиони фунти.
„Пресреќни сме што Бертран реши да дојде во Вила, бидејќи се работи за фудбалер со огромен талент кој ќе ни помогне во нападот“, вели тренерот Дин Смит.
Вила последните две сезони трошат многу пари во обид да се зацврстат како премиерлигашки клуб по враќањето во елитата во 2019. Минатото лето тие потрошија 143 милиони фунти и останаа во лигата, и тоа во последното коло од шампионатот.
Ова лето тие ги купија напаѓачот Оли Воткинс од Брентфорд (28 милиони фунти), Мети Кеш од Нотингем форест (14 милиони фунти) и голманот Емилијано Мартинез од Арсеал (20 милиони фунти). Покрај тоа, капитенот Џек Грилиш потпиша нов петгодишен договор вреден 135.000 фунти неделно.
Со ова тие вкупно потрошија 227 милиони фунти последните две сезони и само Челси и Манчестер сити имаат повеќе потрошено во истиот период, а блиску до Вила се и Манчестер јунајтед.
"I want to play, I want to win." ?
Watch the first interview with Bertrand Traoré on VillaTV or the Villa app now! ?#TraoréAnnounced
— Aston Villa (@AVFCOfficial) September 19, 2020