Top Sport

Астон вила не сака да го заддржи Кутињо?

Во Барселона стравуваат дека Астон вила ќе се откаже од можноста да потпише постојан договор со Филипе Кутињо, откако формата на Бразилецот е во надолна форма по фантастичниот почеток под Стивен Џерард, тврди „Дејли мирор“.

Кутињо имаше импресивно враќање во Премиерлигата во јануари, постигнувајќи 9 гола во 12 настапи досега, но не покажа многу во четирите порази во низа на Вила, и сега Барселона сака јасен одговор дали ќе ја прифатат можноста да го купат Бразилецот за 33 милиони фунти на крајот на сезоната.

Чави Ернандез нема планови да го интегрира Кутињо во неговиот тим следната сезона, а во клубот се очајни да се ослободат од неговата висока плата, а доколку Вила се откаже од можноста, тие ќе се обидат да најдат купувач во текот на летото. Според „Мирор“, Џерард го убедува бордот на клубот да даде зелено светло за заддржување на Кутињо.

Scroll to Top