Славниот англиски клуб, Астон вила не може да си приушти ниту слободни трансфери поради финансиската криза, му било соопштено на менаџерот Стив Брус.
Сопственикот на поранешниот европски шампион, Кинезот Тони Ксија се обидува да најде нов инвеститор или нов сопственик за тимот од англиската втора лига, откако тие загубија во плеј-офот за влез во Премиер лигата од Фулам.
Од тимот си замина ветеранот Џон Тери, кој самиот призна дека си оди за тимот да може да приушти друг играч, и Брус сакаше да го ангажира слободниот агент Роберт Хут, кој замина од Лестер, но тие немаат пари за неговата плата.
Клубот е подготвен да го продаде и Џек Грилиш на Тотенхем, но ако ситуацијата остане ваква, многу веројатно е тимот да се бори за опстанок и во втората лига.
Астон вила е седумкратен англиски шампион и има седум титули од ФА купот, а во 1982 година беше освојувач на Купот на шампиони.