Фудбалерите на Астон Вила победнички го минаа гостувањето кај Вулверхемптон. Вила славеше со играч помалку и гол од пенал во 94.минута. Пеналот го реализираше Ел Гази. Херој на Астон Вила е голманот Емилијано Мартинез, кој имаше седум успешни интервенции.
Вулверхемптон, беа подобри на теренот од своите ривали, Консо не успеа да погоди од изгледна позиција во првто полувреме, а во вториот дел 18-годишниот Силва го погоди дирекот.
Астон Вила во 94 минута останаа со играч помалку на теренот, Даглас Луиз беше исклучен поради в5ориот жолт картон. Во 94.минута Нелсон Семедо беше невнимателен во својот старт кон Мекгин. Пеналот го реализираше Ел Гази.