Top Sport

Астон Вила се надева на опстанок во Премиерлигата

Фудбалерите на Астон Вила ги задржаа надежите за опстанок во Премиерлигата со победата над Кристал Палас (2:0) во рамките на 35 коло.

Астон Вила на три кола до крајот на сезоната има четири бода помалку од Вест Хем и Вотфорд.

Головите со кои Астон Вила ги освои бодовите против гостите од лондон ги постигна Трезеге во четвртата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел и, кога најдобро се знајде на подалечната статива и 59 минута кога ја искористи лошата интервенција на одбраната на Кристал Палас.

Астон Вила во наредното коло ќе гостува кај Евертон, додека Кристал Палас ќе го пречека Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top