Аталанта ја одби понудата на Манчестер Јунајтед од 50.000.000 евра за бразилскиот фудбалер Едерсон.
Италијанските медиуми пренесуваат дека челниците на Аталанта му порачале на раководството на англискиот клуб дека не сакаат да го продадат Едерсон, бидејќи сезоната во Серија А веќе започна.
Едерсон (25) пред две години пристигна во Аталанта од Салернитана за 23 милиони евра, а со тимот од Бергамо има договор до 30 јуни 2027 година.
Минатата сезона одигра 53 натпревари за Аталанта и постигна седум гола, а со клубот ја освои и Лигата на Европа и беше многу важен дел во тој поход.
Едерсон за репрезентацијата на Бразил настапи на два натпревари.