Фудбалерот на Милан, Шарл де Кетеларе е пред трансфер во Аталанта како позајмен играч, откако првата сезона на „Сан Сиро“ беше целосно разочарување за „росонерите“.
Аталанта и Милан подолго време преговараа за Белгиецот, а главен проблем претставуваше високата плата која ја зема Де Кетеларе, но сега според „Скај спорт Италија“, двата клуба се пред конечен договор за позајмица со опција за купување.
Аталанта ќе платат 3 милиони евра за позајмицата, а ќе имаат можност да го откупат неговиот договор за 22 милиони евра плус 4 милиони евра бонуси. Милан би добил 10 отсто од следната продажба на Де Кетеларе.
#Calciomercato | @Atalanta_BC al lavoro sulla parte burocratica per #DeKetelaere: visite in settimana https://t.co/loGkBoXRHo
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 14, 2023