Аталанта и официјално го потврдија најновото засилување, Шарл де Кетеларе на позајмица од Милан со опција трансферот да се направи постојан следното лето. Италијанските медиуми тврдат дека Аталанта ќе плати 3 милиони евра за сезонта 2023/24 и ќе добие шанса да го купи 22-годишниот Белгиец за 26 милиони евра следната година.
Де Кетеларе пристигна на „Сан Сиро“ за високи 35 милиони евра од Клуб Бриж минатото лето, но не успеа да импреисонира и помина цела сезона без да постигне гол за „росонерите“, но и за белгиската репрезентација.
Де Кетеларе беше прогласен за најталентиран белгиски фудбалер во 2020 година.
CDK è qui! 🤴🏼🇧🇪 Benvenuto a Bergamo, Charles! 🖤💙
Charles #DeKetelaere is here! ⚫️🔵 Welcome to Bergamo, Charles! 👋#WelcomeDeKetelaere #GoAtalantaGo pic.twitter.com/INfZc9emLk
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) August 16, 2023