Top Sport

Аталанта ја продолжи лузерската низа на Беневенто (видео)

Голот на Брајан Кристанте на петнаесет минути пред крајот на мечот, беше доволен Аталанта да стигне до 1:0 победа над „отпишаните“ Беневенто  и да им го нанесе 14-тиот пораз во исто толку меча во Серија А.

Кристанте доби корисна топка од Иличиќ надвор од шестнаесетникот и со прецизен удар го совлада Алберто Брињоли за важни три поени со кои тимот од Бергамо се зацврсти на средината на табелата – на 10. место со 19 поени.

Беневенто, тимот кој сензационално влезе во Серија А минатата сезона, останува без поен и по 14 кола, со катастрофална гол-разлика од 6:34, но сопственикот Оресте Вигорито неодамна изјави дека не планира да троши пари на засилувања – подобро ќе ги даде парите во добротворни цели.

Со поразот во 13-тото коло оваа сезона, тие го срушија рекордот на Манчестер јунајтед од 1987 година со најлош старт на сезона во петте најсилни европски лиги.

Scroll to Top