Top Sport

Аталанта ја врати Салернитана во реалноста – четврти пораз во четири меча

Новиот италијански прволигаш Салернитана нема одличен камбек во елитата по повеќе од една деценија, откако го забележаа и четвртиот пораз на стартот на сезоната, овојпат со 0:1 од Аталанта.

„Ла деа“ добро се намачи со клубот од јужна Италија, но на крајот сепак, стигна до победата, благодарение на голот на Колумбиецот Дуван Запата во 75. минута од мечот. За Аталанта ова е прекинување на лошата серија, откако на претходните два лигашки меча немаа победи.

Scroll to Top