Top Sport

Аталанта ќе го менува Папу Гомез со украинската ѕвезда Коваленко

Аталанта очигледно, како што најави тренерот Џанпјеро Гасперини, гледа кон иднината, откако склучиле пред-договор со ѕвездата на Шахтјор Доњецк, Виктор Коваленко за трансфер или во јануари или на лето.

Според порталот „Гол“, Коваленко, кој има договор со Шахтјор до 2021 година, веќе се согласил на условите на италијанскиот клуб, што претставува голема „победа“ за „Ла деа“, посебно бидејќи за неговите услуги беа заинтересирани повеќе италијански клубови.

24-годишниот Коваленко е продукт на младинската школа на Шахтјор и со нив освои четири национални титули, а уште во 2016 година дебитираше за украинската репрезентација за која има веќе 30 настапи.

Коваленко, кој може да игра на повеќе позиции во средината на теренот, би требало да биде замена за капитенот Алехандро Папу Гомез, кој влезе во конфликт со тренерот и најверојатно ќе биде продаден уште во јануари. Украинецот би бил второ засилување во средината на теренот, откако неодамна Аталанта за 10 милиони евра го купи 23-годишниот Данец Јоаким Меле од белгискиот Генк.

Scroll to Top