Top Sport

Аталанта не се откажува од ЛШ – Запата донесе кам-бек победа кај Наполи (видео)

Аталанта, повторно предводена од нивниот фантастичен колумбиски напаѓач Дуван Запата стигна до 2:1 победа на гостувањето кај Наполи во последниот меч од 33. коло од Серија А за да се израмни со Милан по бројот на поени и да продолжи да сонува дека следната година ќе игра во Лигата на шампионите.

Наполи дојде во водство во првото полувреме преку Дрис Мертенс во 28. минута, но Запата прво постигна гол во 69. минута, а потоа му асистираше на Марио Пашалиќ во 80. минута за импресивни 1:2. Запата сега има 26 постигнати голови во сите натпреварувања за клубот од Бергамо.

Со оваа победа, Аталанта останува на петтото место со 56 поени, идентично како и четвртопласираниот Милан кој има подобра гол-разлика и на пет поени од Интер на третото место, а Рома е шеста со 55 поени. Наполи е далеку на второто место со 67 поени.

Мечот можеше да заврши и поинаку доколку Мертенс во една ситуација не испаднеше крајно фер и му покажа на судијата дека не се работи за пенал (видете на линкот подолу).

Секоја чест за Мертенс – му покажа на судијата дека нема пенал (видео)

Scroll to Top