Top Sport

Аталанта се израмни со Наполи на врвот на Серија А

Аталанта го продолжи одличниот старт на новата сезона во Серија А со минималната 1:0 победа над Фиорентина, што е нивна шеста победа во првите осум кола од шампионатот за израмнување со Наполи на врвот на табелата.

Човек на одлука повторно беше летното засилување, Адемола Лукман, кој во 59. минута го постигна единствениот гол на мечот по асистенција на Луис Муриел за нови три поени за тимот на Џампјеро Гасперини.

Додека Аталанта се на второто место на табелата со 20 поени пред Лацио и Милан со 17, Фиорентина по третиот пораз се на 11. место со само 9 освоени поени.

Standings provided by SofaScore

Scroll to Top