Со неверојатен пресврт калчолигашот Аталанта од Бергамо ја порази екипата на Рома во рамки на 13 коло од Серија А – 4:1.
Екипата предводена од тренерот Фонсека се до 59 минута имаше водство од 0-1, со голот на Џеко уште од третата минута.
Вистинска експлозија на фудбалерите предводени од Гасперини во последниот половина час од мечот. Тимскиот дух проработе иако во составот го немаше капитенот Папу Гомез.
Најпрво Запата во 59 минута погоди за израмнување, 1-1.
Следуваше гол на Госенс за пресврт, 2-1 во 70 минута.
Додека фудбалерите на Рома се преструктуираа, Аталанта веќе стигна до 3-1 благодарение на погодокот на Муриел, во 72 минута.
Точка на мечот за нова победа на „сино-црните“ од Бергамо донесе Словенецот Иличиќ кој претходно имаше две асистенции на мечот.
По ова коло, Аталанта е седма на табелата со 21 бод, а Рома останува на четвртата позиција, со 24 поени.