Аталанта и официјално го потврди доаѓањето на колумбискиот напаѓач Луис Муриел од Севилја за 18 милиони евра, во обид да го засилат тимот по пласманот во Лигата на шампионите.
Муриел потпиша четиригодишен договор со клубот од Аталанта и ќе го носи дресот број 9 во тимот. Колумбиецот половината од минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во Фиорентина, постигнувајќи 6 гола во 19 настапи, а претходно играше и во Лече, Удинезе и Сампдорија.
Муриел стана рекордно засилување за Севилја откако дојде од Сампдорија летото 2017 година за 20 милиони евра, но се мачеше во Ла лига, постигнувајќи само 13 гола во 65 натпревари. Тој не игра на Копа Америка, бидејќи влече повреда на коленото.
Luis #Muriel è un giocatore dell’Atalanta! ⚫️? Bienvenido Luis! ?
Welcome @LuisFMurielCF! ? ??? https://t.co/qX8W4VeUuR#WelcomeMuriel #Atalanta3uropa #GoAtalantaGo pic.twitter.com/QHOSiRvTZV
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) June 21, 2019