Српскиот репрезентативец, Дарко Лазовиќ, во летниот преоден рок би можел да ја напушти Верона и да се пресели во Аталанта.
Аталанта и тренерот Џанпјеро Гасперини, ги разгледуваат најдобрите опции за десната страна, во случај Робин Госенс да го напушти клубот.
Гасперини инсистирал на трансферот на Лазовиќ. Овие двајца во минатото соработуваа во Џенова.
Голем плус за Лазовиќ е што и во Верона игра во системот 3-5-2, од кој не отстапува Гасперини.
Лазовиќ има договор со Верона до јуни 2022 година. Од почетокот на сезоната одиграл 23 натпревари, постигнал два гола и забележал пет асистенции.