Top Sport

Атлетик и Реал Сосиедад без навивачи во финалето

Фудбалскиот сојуз на Шпанија, ја демантира информацијата на радиото Кадена СЕР, дека ќе дозволи да има навивачи, на двата финални натпревари во Купот, Водечкото тело на шпанскиот фудбал соопшти дека Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, на 3.април ќе играат на празниот стадион „Ла Картуха“ во Севилја. Две недели подоцна на овој стадион ќе играат Атлетик Билбао и Барселона.

Атлетик Билабо и Реал Сосиедад, на почетокот на април, ќе го одиграат минатогодишното финале во Купот. Интересно, лани ова финале не се одигра, бидејќи клубовите сакаа да играат пред полниот стадион.

„Моменталната епидемиолошка ситуација и мрките кои се применуваат во Андалузија, не дозволуваат присуство на навивачи. Изминатите недели одржани се бројни состаноци со Министерството за здравство, владата на Андалузија и Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Поради мерките за заштита невозножно е присуство на навивачи од руги делови на Шпанија“, наведува ФС на Шпанија во своето соопштение.

Scroll to Top