Атлетик Билбао стигна до неочекувано лесна 4:0 победа на гостувањето кај Кадиз, прекинувајќи ја низата од два меча без победа за баскискиот гигант.
Победникот на мечот беше решен во првите половина час игра на „Рамон де Каранза“, откако Беренгер (4. и 29.) и Лопез (15.) им донесоа 0:3 водство, по што Ињаки Вилијамс во 52. минута го комплетираше триумфот.
Билбао се десетти во Ла лига со 28 поени, додека Кадиз се на 15. со четири поени помалку.