Top Sport

„Атлетик“: Гвардиола ги продава клучните играчи и носи англиски ѕвезди

Менаџерот на Манчестер Сити се подготвува за голема реконструкција на екипата во летниот преоден рок. „Атлетик“ објави детали од планот на шпанскиот стратег.

Информациите се дека Пеп е подготвен да ги пушти Рахим Стерлинг и Ријад Марез ако за нив стигнат вистински понуди.
Желбите се Хари Кејн и Џек Грилиш.

Во Астон Вила се поприлично конкретни. Бараат за Грилиш сума не помала од 100 милиони евра, што за Сити не би била проблем, пред се ако Стерлинг и Марез го напуштат „Итихад“.

Јавна тајна е дека Кејн сака летово да си замине од Тотенхем.

„Daily Express“ денеска објави дека 27-годишниот Кејн нема да дојде на подготвоките со Спарси, за да го натера Даниел Леви да го продаде. Шпекулациите се дека под 150 милиони евра тој нема да сака да го пушти капитенот во друг клуб.

На излезна врата наводно се и Бернардо Силва и Габриел Жесус.

Scroll to Top