Атлетик Билбао славеше кај Вилјареал со 3:1, во последниот натпревар од 31.коло во Ла Лига. Баските победата ја обезбедија на стартот на мечот и на почетокот на второто полувреме.
Кородоба го постигна првиот гол во четвртата минута. За младиот играч на Атлетик ова беше првиот гол во Ла Лига во кариерата. Предноста Баските ја дуплираа во 51.минута кога Вилијамс го совлада Асенхо.
Неизвесноста во мечот ја врати Карлос Бака со голот во 67.минута.
Меѓутоа Атлетик успеа да постигне уште еден гол и тоа преку Минијаин во 87.минута од пенал.
Вилјареал мечот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Алваро.
Со оваа победа Атлетик се искачи на 12.место на табелата, додека Вилјареал остана на шестото место, но сега има само бод повеќе од Севилја.